Литературен конкурс на тема ” Стоп за корупцијата, ја разјадува довербата,ја руши демократијата.”

Нашето училиште објавува Литературен конкурс на тема ” Стоп за корупцијата, ја разјадува довербата,ја руши демократијата.”Конкусот трае од 20 до 31 Мај.Творбите да се предадат во педагошко-психолошката служба во училиштето.

Излет за учениците од II-IX одделение

На ден 20.09.2023 год. за учениците од второ до деветто одделение беше организиран излет до националниот парк Пелистер, локација Голема ливада. Преку ваквите активности кај учениците се развива интерес кон природата, се запознаваат со природните убавини на нашата татковина, како и се градат вредности за дружење, социјализација, стекнување на нови искуства.Во склоп на програмата за излетот беа планирани бројни активности како пешачење по “Детска патека од Голема до Мала ливада” со што учениците се запознаваа со карактеристиките и знаменитостите на националниот парк Пелистер, но беа одржани и рекреативни активности, спортски натпревари, игри и слично.

Излет за учениците од ПУ с.Братин Дол

На ден 20.09.2023 год. учениците беа на еднодневен излет во околината на с.Братин дол. Преку ваквите активности кај учениците се развива интерес кон природата, се запознаваат со природните убавини на нашата татковина, како и се градат вредности за дружење, социјализација, стекнување на нови искуства.

Хуманитарна акција за собирање на училишен прибор


Секоја учебна година ја започнуваме во знакот на хуманоста, па така и оваа учебна година нашето училиште организираше хуманитарна акција за собирање на училишен прибор. Секое дете заслужува да оди среќно во училиште, а нашите ученици и родители, како и вработените се потрудија да усреќат неколку дечиња.